Клиенти

Фирмата Геопроект од Струмица уште од нејзиниот почеток е наш соработник во југо-источниот дел на Македонија. Следејќи ја на разни проекти, објективо текот на работата можеме да ја оцениме како многу стручна во примената и монтажата на Кнауф системите. Вработените од Геопроект ги посетуваат семинарите и се во тек со новите технички решенија за изградба со материјали за сува градба. При монтажата доследно се применуваат техничките упатства и нормативи на Кнауф системите за што сведочат многу квалитетно изведените објекти. Од бројните новоизградени, санирани и реставрирани објекти би издвоиле неколку порепрезантивни:
- деловен комплекс "Металопромет" - Струмица
- хотели
- "Фламинго" - Гевгелија
- "Сириус" - Струмица
- "Илинден" - Делчево
- "Истатов" - Дојран
- "Студио Ин" - Струмица
- казино "Хит" - Дојран
- индустриски објекти:
- "Хелена" - Струмица
- "Крзно" - Делчево
- Пекара "Балканпромет" - Радовиш
- стамбена зграда на "Бетон" - Струмица
- Автосалон "Хелена Моторс" - Струмица
Тука се и многубројните ентериерни изведби во кафеа, бутици, училишта, ресторани и индивидуалните станбени објекти.
Клиенти

- "Фламинго" - Гевгелија
- "Хелена" - Струмица
- стамбена зграда на "Бетон" - Струмица
- "Сириус" - Струмица
- "Студио Ин" - Струмица
- "Илинден" - Делчево
- Автосалон "Хелена Моторс" - Струмица
- "Истатов" - Дојран
Зошто гипс-картон
Еколошки подобен
Гипс картонот има гипсано јадро обложено од двете страни со посебен висококвалитетен картон.Нема мирис ни состојки штетни за здравјето затоа што вашните својства на гипс картонот се добиени преку чист еколошки процес.Добар регулатор на влажноста
Благодарение на порозното гипсано јадро, гипс-картон плочите успешно ја регулираат влажноста на воздухот во просторијата.Имено познато е дека градежните материјали кои изобилуваат со макропори привремено го впиваат вишокот на влагаод воздухот и истиоит го враќаат кога воздухот во просторијата ќе стане сув.Поради сето тоа може да кажеме дека гипс картонот е регулатор на климата во затворен простор.Отпорен на оган
Гипс картонот содржи 22% кристална вода што кај плочите со дебелина од 15мм изнесува околу 3л по метар квадратен. Во случај на пожар таа вода делува самогасиво.Удобен за живеење
Удобноста на просторот зависи од материјалот вграден во ентериерот.Градежните материјали со ниска проводливост на топлина(пр. Дрво, гипс) создаваат чувство на топлина и удобност.Затоа плочите од гипс картон се важен фактор за здраво живеење.Ги скратува времето и трошоците за изградба
Гипс картон системите овозможуваат квалитетна изградба од под до таван со намалување на трошоците.Лесната конструкција го намалува оптеретувањето на носечките градежни елементи, а електро инсталацијата лесно се изведува низ шупливиот дел на ѕидот со помали трошоци.Сувата изградба гарантира пократок рок на изведба и побрзо вселување.Порнесува поголем интензитет на оптеретување
Со примена на соодветен прибор на конструкциите од гипс картон можат да се закачат или прицврстат разни предмети.Начинот на прицврстување зависи од тежината на предметот на која треба да се прилагоди на приборот. Тоа најчесто се специјални куќи и типли за шупливи конструкции. Едноставно конструкцииско прилагодување овозможува трајно прицврстување на поголем товар.Ја задржува топлината
Ако не живеете во сончево подрачје, оптималната топлотна заштита не е луксуз туку важен фактор на здравото живеење.Во голема предност се материјалите кои бавно ја спроведуваат топлината.Гипс картон системите го нудат баш тоа- добра топлотна заштита за цел дом.Звучен изолатор
Гипс картон системите овозможуваат голема звучна заштита.Двојната конструкција ги впива звучните бранови и ги ослабнува со забавено вибрирање на големите плочи додека меките слоеви со останатите елементи на зградата ја спречуваат појавата на звучен мост. Ако суплините се исполнат со минерална волна, конструкцијата станува помасивна а изолаторот и воздушниот меѓупростор го апсорбира остатокот на звучна енергија.
